Била само жешка, летна романса: Ирина Шајк и Том Брејди заклучиле дека не си одговараат еден со друг

popara23 октомври, 20231min00
o_30925217_1280

Откако во текот на летото неколку пати беа фатени заедно, сè навестуваше дека топ моделот Ирина Шајк и поранешниот американски фудбалер Том Брејди сепак нема да и дадат шанса на својата љубов. Двојката веќе некое време не е видена заедно, всушност времето го поминува во сосема различни градови, а Ирина неодамна беше на одмор со бившиот сопруг Бредли Купер и нивната шестгодишна ќерка Леа.

Кога објави фотографија од Бредли на својот Инстаграм профил минатиот месец, многумина се надеваа дека постои шанса тие двајца да и дадат втора шанса на својата љубов, но се чини дека тие се само добри пријатели со оглед на тоа што славниот актер го поминува времето со друга познатата манекенка – Џиџи Хадид.

image

Што се однесува до жешката летна романса, Ирина и Том заедно донеле одлука дека нивната врска нема да функционира, а извор близок до парот открил за Page Six дека немало никакви скандали или кавги.

Сепак, на почетокот на љубовта, Том сакал врската да трае. “Таа не е само флерт, тој сака тоа да трае. Си ветил дека по разводот ќе биде само со некој со кој ќе може да изгради иднина, со некој што ќе им го претстави на децата”, рекол пријател на успешниот спортист на времето, но се чини дека работите не тргнале во посакуваната насока.

image

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma