По раскошната прослава на 18-тиот роденден на принцот Кристијан, најстариот син на престолонаследникот Фредерик и принцезата Мери, на официјалната веб-страница на данското кралско семејство се појави необична објава. Палатата, заедно со фотографијата од златната штикла, побарале од сопственикот да контактира со нив. Добро прочитавте, не се работи за бајката за Пепелашка, но златна чевла навистина е пронајдена на скалите на замокот Кристијансборг во Копенхаген, каде неодамна се одржа роденденската прослава на најстариот внук на кралицата Маргрета Втора.
„Дали Пепелашка си го заборавила чевелот синоќа?“ стои во описот на духовитата објава на службеникот на палатата.
“Кога гостите на гала вечерата на нејзиното височество на кралицата вчера си отидоа дома, оваа осамена штикла беше оставена во замокот Кристијансборг. Ја молиме сопственичката да не контактира за да ѝ биде вратен чевелот”, пренесува Fox News.
View this post on Instagram
Социјалните мрежи ги забрзаа работите и наместо да ги испроба сите стројници во кралството, се огласи сопственичката, студентката Ан-Софи Торнсо Олесен. Таа им објасни на медиумите дека намерно го оставила чевелот (со потпис на Deichmann). Таа не сакала да ја пропушти можноста за потег од бајката со која сакала да ја разгали јавноста.
„Помислив, знаете што, ова ќе ми се случи само еднаш во животот, па можеби и јас ќе го направам тоа“, призна младата гостинка. Додала дека нејзината кума не е самовила и дека дома се вратила со такси, наместо со кочија во форма на тиква.
View this post on Instagram
Студентката потоа објаснила дека неколку пати се обидела дискретно да го остави чевелот во замокот, но некој веднаш ќе притрчал и ќе ѝ го врател. Во последниот обид, таа набрзина излегла од палатата пред некој да забележи дека бега дома со само еден чевел.
“Тоа беше фантастична вечер. Тоа искуство ќе го паметам засекогаш, би сакала сите да го имаат”, изјави смешната Ан-Софи Торнсо Олесен. Таа инсистираше на тоа дека нема романтични претензии поврзани со принцот Кристијан, ниту пак очекуваше тој да ѝ го врати чевелот на кадифено перниче, како во бајките. Задоволна е и што ѝ успеала шегата.