Фотографии кои го топат срцето: Тејлор Свифт нежно го бакнува нејзиното ново момче во соблекувалната

popara25 октомври, 20234min00
2128119

Тејлор Свифт и Тревис Келси беа фатени во страстен момент откако неговиот тим Канзас Сити Чифс победи на неделниот натпревар. Тоа беше шлаг на тортата на нејзините изјави за љубов кон своето момче, откако таа го помина целиот натпревар желно навивајќи за него од свечената ложа.

Моментално најпопуларната пејачка на светот по натпреварот се упатила кон соблекувалната и позирала со играчот додека нежно го бакнувала во образот.

Фотографијата очекувано стана инстант хит на социјалните мрежи, исто како онаа на која Свифт гордо ја обвива раката околу рамениците на Келси, бидејќи и двајцата видно зрачат со среќа и задоволство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chariah Gordon (@chariah_)

Покрај нив, соиграчот на Келси, Меркол Хардман позираше со неговата партнерка Шарија Гордон, која пејачката ја прегрна на неколку фотографии, покажувајќи колку добро се вклопила во светот на своето момче. Имено, таа го поминала натпреварот во друштво на сопругата на неговиот соиграч и близок пријател Патрик Махомес.

Парот, кој за рекордно време стекна огромни симпатии во јавноста, набрзо отиде на забавата која традиционално ја следи играта, а Тејлор Свифт промени дел од нејзината облека за таа пригода. Откако пристигна на стадионот во комбинација од клупскиот пуловер, мини здолништето и чевлите на платформа Мери Џејн, подоцна ја видовме во бели тренерки на Најк.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma