БРЗО ЈАДЕЊЕ ОД РЕРНА: Потпечен компир полнет со печурки кој едноставно се прави, а освојува од прв залак!

popara25 октомври, 20231min00
62872_krompir-shutterstock-390638182-3_f

Состојки:

6 компири
10 печурки
1 кромид
100 гр сланина
2 чешниња лук
100 мл бело вино
50 гр сирење

Подготовка:

Во тавче кратко пропржете ја сечканата сланина, па додајте сечкан кромид, печурки, лук и малку бело вино. По неколку минути додадете го остатокот од виното, сол и бибер. Гответе ги неизлупените компири во солена вода околу 15 минути. Извадете ги од водата да се изладат, па пресечете ги на половина и издлабете малку за да можете да ја наполните средината со смесата од печурки и сланина. Наполнете ги компирите, наредете ги во плех на хартија за печење и печете ги во рерна загреана на 200 степени половина час. Врз врелите компири посипете рендано сирење и вратете во рерна уште десетина минути.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma