Зеолитите претставуваат група минерали од сложени хидрирани силикати на натриум,калиум и калциум и имаат хидротермално потекло,најчесто се појавуваат покрај млади вулкански карпи.Дали зеолитот навистина може да помогне на здравјето и кои се неговите предности и недостатоци?
Современиот начин на живот полн со стрес,брзање и нервоза принудува многумина од нас да посегнат по некакви препарати кои се нудат на телевизија како„чудо“ или „лековити“ наместо доволна количина одмор и здрава храна,а меѓу нив е сè попопуларниот минерал наречен зеолит.Бројни научни и токсиколошки анализи покажале дека зеолитот не му штети на организмот доколку се користи во нормални количини,но може да има несакани ефекти доколку се претера.
Зеолитот најмногу помага за подобро поднесување на хемотерапијата и терапијата со зрачење,го регулира нивото на шеќер и маснотии во крвта,го спречува развојот на артериосклероза,го регулира високиот крвен притисок,помага при мачнини,ги намалува надуеноста и цирозата на црниот дроб.Исто така,мора да се напомене дека зеолитот не е лек,туку додаток, не е семоќен и не може да ги замени редовните терапии со кои се лекуваат пациентите.