Мегапопуларната џет сет брачна двојка Дејвид и Викторија Бекам на својата ќерка Харпер на почетокот на годинава и подариле необичен и скап подарок за нејзиниот 12 роденден.
Ова го откри онлајн изданието на магазинот „ОК!“ Богатиот екс фудбалер заедно со сопругата на својата мала ќерка и подариле куќа на дрво вредна 115.000 евра.
Куќата е изградена на дабови потпори откако добила градежна дозвола на семејниот имот во Котсволдс, Англија, вреден 13 милиони евра.
Куќата на дрво е со димензии 4,5 x 4,5 метри во должина и ширина, а е висока 4,275 метри и се простира на површина од 15,6 метри квадратни.
Харпер дефинитивно е миленичка на тато.
Нејзините родендени секогаш биле обележани со екстравагантни подароци, а за седмиот роденден Харпер од тато Дејвид и мама Викторија на подарок добила коњче пони од 8.000 евра и опрема за јавање.