Рецептот за домашен кератин со само три состојки ги полуде сите припаднички на понежниот пол.
Третманот со кератин стана многу популарен откако се појави во фризерските салони. Дамите го сакаат кератинот бидејќи ја исправа косата и и дава свилен и мазен изглед. Домашниот рецепт за кератин е хит бидејќи ќе ви заштеди многу пари.
Вистинско задоволство е да седнете на столче во фризерски салон и да чекате вештите раце на стручњаците да ви ја средат косата до совршенство. Сето ова има своја цена, а за овој третман треба да одвоите значителна сума.
Постои решение за оштетената и сува коса полека да си го врати сјајот и густината без да мора да потрошите цело богатство.
Ако го следите овој рецепт за домашен кератин, вашата коса ќе изгледа одлично дури и кога само ќе ја исушите со фен, без строго фенирање и користење на скапи производи за нега на коса.
Кога ја негувате косата со помош на рецепт за домашен креатин, мора да знаете дека тоа не е долгорочно решение, како кога станува збор за третмани во салоните, но дефинитивно добивате сличен ефект.
Состојки:
– 1 чаша вода
– 2 лажици пченкарно брашно
– 1 лажица бебешко масло
Подготовка:
Истурете го пченкарното брашно во водата, почекајте да зоврие, па мешајте додека не се згусне. Додадете бебешко масло, па повторно измешајте. Почекајте да се излади, нанесете по целата коса и оставете 20-25 минути. После тоа, измијте ја косата.