Актерката Сара Џесика Паркер неодамна проговори за медиумите за својот изглед, одржувањето форма и стареењето.
Имено, 58-годишната актерка наведува дека е збунета што мажите никогаш не зборуваат за стареењето, додека на жените често им се наметнуваат прашања и теми за истото.
Иако пробала различни нови третмани како ултразвучно затегнување на кожата и гликолни пилинг, таа тврди дека никогаш не користела ботокс за затегнување на лицето.
„Не можам да зборувам во име на други луѓе и не сум против некој да прави нешто. Тоа едноставно не е нешто што избирам да го правам. Исто така, јас сум актерка – морам да ги мрднам веѓите. Имам намера да споделувам емоции и да комуницирам со моето лице, кое за мене мора да се движи“, објасни Паркер.
Таа истакнува дека не троши големи суми на нега на лицето и користи дневна крема со заштитен фактор, а понекогаш користи и серум и ноќна крема. Кога станува збор за одржувањето во форма, Паркер изјавила дека порано се занимавала со балет, но сега многу пешачи и преферира да оди по скали отколку со лифт.