Бијонсе конечно откри нешто за нејзиниот долгоочекуван нов парфем. Изгледа сензационално

popara27 октомври, 20234min00
Бијонсе

Бијонсе на својот Инстаграм сподели изненадување за своите фанови.Имено, пејачката објави дека се отворени нарачките за нејзиниот нов парфем.Бијонсе го претстави својот нов парфем Ce Noir, инспириран од нејзината турнеја “Renaissance” ,и објави дека нарачките веќе се отворени – токму на време да го изненади најголемиот фан на пејачката со нов мирис. Парфемот пристигнува во сребрено шише кое потсетува на нејзините комбинации кои ги носеше на турнејата.

„Сакав да биде нешто монотоно, да имам малку интимност. Токму тука може да се види душата на парфемот“, рече пејачката за дизајнот на шишето на парфемот пред да се испрска со мирисот.„Всушност го прскам неколку пати за време на шоуто,за свежина”.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beyoncé (@beyonce)

Според списанието Billboard,среќните посетители на концертите кои присуствувале на концертите на Бијонсе во Инглвуд Сан Франциско,Лас Вегас, Феникс,Тампа,Атланта,Шарлот,Вашингтон, добиле шанса да го помирисаат новиот парфем пред да биде објавен во јавноста.Мирисот носи ноти на клементина и златен мед (комбинација од куркума и мед) и средни ноти на роза,додека основата е намибиска мирта и златен килибар.Мирисот е достапен за претходна нарачка сега за 160 долари,иако секој што ќе направи пред нарачка ќе добие и бесплатен подарок.Покрај создавањето на парфем,пејачката неодамна најави дека наскоро во кината ќе можеме да го гледаме филмот „Renaissance: A Film by Beyoncé“. Филмот доаѓа веднаш по последниот концерт од турнејата,кој се одржа во Канзас Сити. Според официјалниот синопсис, проектот го следи патот на турнејата, од почетокот на идејата преку првиот концерт во Стокхолм до финалето во Канзас Сити. На снимката се гледаат и подготовки за концерти со нејзината ќерка Блу Ајви. Целта на оваа турнеја беше да се создаде место каде што сите се чувствуваат слободни и никој нема да биде осудуван“, се слуша како вели Бијонсе во двоминутниот трејлер. Филмот пристигнува во кината на 1 декември.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma