Можат да се направат за половина евро: Најлесен рецепт за солени палачинки без глутен

popara27 октомври, 20231min00
Најлесен рецепт за солени палачинки без глутен

Дали сте чувствителни на глутен и го избегнувате во вашата исхрана?Вие не сте единствените.Овој рецепт за тенки бесквасни тортиљи направени со овесна каша кои изгледаат како солени палачинки е токму за вас.

Овие солени палачинки не само што се исклучително лесни за подготовка,туку се и економични.Тие се направени од само три состојки: вода,сол и мелена овесна каша.За целиот рецепт ќе ви требаат само околу половина евро.

Наместо тортиљи може да се послужат печени солени палачинки,исполнети со месо,риба или зеленчук.Можете да ги послужите и наместо леб со манџа и чорби.

Состојки за четири солени палачинки:
250 ml вода
150 гр овесна каша
прстофат сол
Подготовка:
Во сечкач за зеленчук или блендер,претворете ги овесните снегулки во прав или во овесна каша.
Измешајте овесна каша со вода и малку сол.Мешајте додека не се соединат состојките и додека не се ослободите од грутките во смесата.
Оставете ја смесата да отстои околу 10 минути на собна температура.
За тоа време загрејте тава од леано железо или друг вид тава со нелепливо дно.
Во загреаната тава истурете четвртина од смесата и со шпатула рамномерно распоредете ја по површината.
Печете ја овесната палачинка додека не успеете да ја превртите на другата страна со метална шпатула.Ќе ви требаат неколку минути.Печете ја палачинката и од другата страна.
Постапката повторете ја додека не ја потрошите целата смеса.
Испечените овесни палачинки ставете ги во чиста памучна крпа и завиткајте ги околу 10 минути. Ова ќе им помогне да останат меки и еластични и нема да се расцепат ако сакате да ги виткате како вистински палачинки.
Плус совет:
Вака подготвените солени палачинки можете да ги користите како и обичните тортиљи – наполнете ги со филот по избор:печено или варено месо,рендано сирење, парчиња чадена риба, пржени коцки тофу,сечкан свеж зеленчук и слични состојки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma