По шокантните мемоари кои ги објави неодамна, Бритни Спирс (41) повторно шокира кога се соблече целосно гола на плажа.
Таа позира свртена со грбот кон камерата, носејќи само обетки.
На фотографијата се гледа и сенката на фотографот, непознат маж кој бил присутен на оваа необична фотосесија.
Ова не е прв пат Бритни да го покажува своето голо тело на социјалните мрежи. Таа неколку пати се соблече на плажа, позираше без облека во када, на креветот…
ФОТОГРАФИЈАТА МОЖЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА
Да потсетиме, во мемоарите „Жената во мене“, Спирс ги откри деталите од старателството што татко ѝ го имал над неа, а ги раскажа и шокантните детали од врската со пејачот Џастин Тимберлејк.
Таа напишала како за време на нивната врска останала бремена и ја прекинала бременоста, на негово убедување. Според нејзините тврдења, Џастин ѝ предложил да пие апчиња за да ја прекине бременоста.