Софија Вергара ги израдува своите обожаватели: Објави фотографии од својот луксузен дом, а нејзината гардероба е сон на многу жени (ФОТО)

popara28 октомври, 20231min00
Screenshot_2

Актерката Софија Вергара ги воодушеви следбениците на Инстаграм кога објави фотографии од нејзиниот огромен плакар кој зафаќа цела соба. Во тој плакар има сè – од чевли, луксузни чанти, облека за на црвениот тепих до лежерни модни комбинации.

 

 

 

 

На големиот остров во средината на собата има фотографии од Софија од младоста, а една таква ставила и на ѕидот.

 

На гости кај Софија беа Џули Бовен и Џеси Тајлер Фергусон, колегите од серијата „Modern Family“, како и сопругот на Фергусон, Џастин Микита. Попладне со моите омилени луѓе на светот; Врати се наскоро, ми недостигаше“, напишала Софија во опис на двете фотографии.

 

Џеси со својот коментар насмеа илјадници луѓе

Групата се забавувала и се фотографирала во плакарот, а Џастин позирал со еден куп штикли на Софија. Во тој контекст Џеси оставил коментар под фотографијата.

„Конечно, уживав што сум повторно во плакарот“, напишал Џеси под објавата на Софија, а неговиот коментар им се допаднал на повеќе од 30.000 луѓе.

 

Да потсетиме, Вергара неодамна се разведе од актерот Џо Манганиело. „Ние ја донесовме тешката одлука да се разведеме. Како две лица кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, љубезно бараме да се почитува нашата приватност во овој момент додека се движиме низ оваа нова фаза од нашиот живот“, рекле тие во заедничка изјава.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma