Познатата актерка Моника Белучи неодамна и официјално ја потврди врската со режисерот Тим Бартон, откако медиумите објавија дека се заедно со месеци.
Актерката соработува со својот партнер на нов проект, а сега на својот Инстаграм профил сподели детали од снимањето.
Имено, Моника Белучи покажа што се случува зад камерата и како изгледа снимањето, а покрај неа се појави режисерот Тим Бартон.
Актерката блесна во црн, елегантен фустан кој ја истакна нејзината витка, фит фигура и ги воодушеви сите со нејзината раскошна убавина.
Да потсетиме, Тим Бартон и Моника Белучи ја започнаа својата врска во октомври минатата година, а се познаваат 16 години. Режисерот претходно беше во брак со колешката Хелена Бонам, додека Моника пред неколку години се разведе од актерот Винсент Касел.
Monica Bellucci 🖤 Tim Burton
🦇¡Hermosos!🦇 pic.twitter.com/nv4h4yfhQD— Mechas López (@mechasmiau) October 23, 2023