Дева Касел, 19-годишната ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел, убавината ја наследи од мајка си и веќе го освои модниот свет.
На нејзините социјални мрежи најчесто се појавуваат фотографии од снимања и ревии на кои таа е ангажирана, но сега реши малку да го „зачини“ својот профил.
Имено, се чини дека Дева е многу заљубена, па на својот Инстаграм профил објавува фотографии со новото момче.
Ова воедно е нејзино прво момче кое го претстави во јавноста, а светските медиуми претпоставуваат дека тој е првиот што го запознале нејзините родители.
Инаку, се вика Саул Нани и е италијански актер.
Погледнете како изгледаат подолу.