Веста која растажи многумина овие денови беше дека почина легендарниот Метју Пери. Тој беше еден од најпознатите актери на денешницата.
По завршувањето на средното училиште, Пери имал намера да присуствува на Универзитетот во Јужна Каролина. Меѓутоа, кога му била понудена главната улога во телевизиската серија „Boys Will Be Boys“ (1987), тој ја искористил можноста да ја започне својата актерска кариера.
Пери се појави во хит комедијата „The Whole Nine Yards“ (2000), како сосед на убиец, кој го игра Брус Вилис. Глумеше во „Fools Rush In“ (1997), „A Night in the Life of Jimmy Reardon“ (1988), „She’s Out Of Control“ (1989) и „Parallel Lives“ (1994).
Тој исто така глумеше со Крис Фарли во комедијата „Almost Heroes“ (1998) и во романтичната комедија „Three To Tango“ (1999), со Нев Кембел.
Како што е познато, улогата на Чендлер Бинг во серијата „Friends“ му донесе светска слава. Во чест на Метју Пери, да се потсетиме на некои негови улоги.
Првата улога на Метју Пери:
Метју Пери во „Boys Will Be Boys“:
Метју Пери како Чендлер Бинг во „Friends“:
Метју Пери во „The Whole Nine Yards“:
Метју Пери во „Three To Tango“:
Метју Пери во „Fools Rush In“: