Косата ви расте бавно? Ова може да бидат причините

popara11 октомври, 20241min00
Screenshot_7

Понекогаш некои корисни и добри производи за вашата коса можат да предизвикаат обратен ефект, и поради нив може косата бавно да ви расте.

 

 

 

Еве 5 грешки кои ве спречуваат да имате долга и здрава коса :

 

Недостаток на железо

Ако имате недостаток на железо, јадете повеќе храна богата со железо, како што е пилешкото, говедско, ореви и свежо овошје и зеленчук.

 

Недостаток на сон

Можеби звучи неповрзано, но недостатокот на сон може да го искомплицира вашето здравје и последиците да се појават на вашата кожа и коса. Имате право да спиете 8 часа – искористете ги !

 

Вие често ја скратувате косата.

Сигурно имате слушнато дека ако сакате да имате здрава коса, мора да ја потстрижувате еднаш на 3-6 месеци. Запомнете, не е секоја коса иста ! Неверојатно е важно да ги скратете краевите од време на време, но не премногу често. Посветете внимание, и набљудувајте колку вашата коса расте за 6 месеци и вие ќе знаете колку вие  потребно да скратите при пострижувањето.

 

Стрес.

Ако сте постојано под стрес, чувствувате анксиозност и сте под притисок, тоа исто така негативно ќе влијае врз вашата коса. Не само што стресот ќе го забави растот на косата, дури може да предизивкува и опаѓање на косата. Затоа, смирете го својот ум и нерви и започнете го денот со насмевка.

 

Можеби користите погрешни и ефтини производи за коса.

Негата на косата е многу поважна од едно одење во фризерски салон. Нанесете маски барем еднаш неделно и потрудете се тоа да ви стане рутина. Заменете го пластичниот чешел со чешел од природни материјали. И најважно, не штедете пари за квалитетен шампон и регенератор.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag