Нането е одлично за кожата,косата и стапалата – врвни природни рецепти

popara1 ноември, 20231min00
Нане

Нането не се користи само во кујната или за лекување на бројни здравствени проблеми.Се користи и за козметички цели.Тој е одличен извор на витамини А, Ц и Б6, како и минерали како што се железо и калиум.

Пилинг за стапала
Еден од најдобрите и најефикасните начини за користење нане е да направите освежителен пилинг за стапала.Одлично ќе делува на уморните стапала и има ефект на ладење и ги ублажува болките во мускулите.

Исто така, неговите силни антибактериски својства помагаат во борбата против непријатните мириси и инфекции.

Состојки:

1 чаша шеќер
1/2 чаша маслиново масло
1/2 чаша мелено нане
2 супени лажици овесна каша
Подготовка: Сите состојки убаво измешајте ги.Нанесете ја смесата на стапалата и нежно масирајте ги стапалата со кружни движења.Правете ја оваа  постапка најмалку 15 минути.Измијте со млака вода.

Течност за поздрава коса
Нането содржи антивоспалителни и антибактериски својства.Исто така,нането го стимулира растот на косата,го решава проблемот со сувиот скалп,го зајакнува коренот на косата и помага во истребување на вошките.За да го исчистите скалпот, користете го овој рецепт:

Подготовка:Варете ги листовите нане во вода околу 20 минути.Процедете и искористете ја таа вода за да ја исплакнете косата.

Mint

Тоник за кожа
Нането помага во обновувањето на pH вредноста на кожата.Исто така,нането содржи салицилна киселина,која помага во борбата против акните.Тоникот за кожа од нане може да помогне да се ослободите од отворените пори и да ги отстраните нечистотиите од вашето лице и кожа,известува 1 Million Health Tips.

Подготовка: Листовите нане измешајте ги во блендер, процедете го сокот и додадете ладна вода. Со памук нежно нанесете ја смесата на вратот и лицето. Избришете со влажна крпа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma