ОВОЈ ПИЈАЛОК Е ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПОСЛЕ КАФЕ: Една чаша може да реши многу проблеми

popara1 ноември, 20231min00
a3856c831c5cc4c2e58794b03df59cf89c951c76

За повеќето од нас, незамисливо е да го започнеме утрото без шолја топло кафе, бидејќи таа прва голтка од овој сакан пијалок не само што ни дава енергија, туку и насмевка на лицето и ни помага полесно да го поминеме денот, без разлика што не чека. Сепак, експертите велат дека тоа утринско кафе потребно е да го следи чаша вода.

Освен што водата служи како средство за чистење на непцето, па после неа вкусот на кафето е подобар, таа има и друга, поздрава, функција.

– Кофеинот сам по себе е еден вид диуретик, па затоа е неопходно да се испие чаша вода после шолја кафе, па дури и чај, за да се замени она што го исфрламе – објаснува д-р Филипа Кеј, општ лекар.

Внесувањето доволно количество вода е неопходно за да се замени течноста што ја губиме преку пот, урина и во процесот на варење. Со консумирање вода ја намалуваме можноста за дехидрација, која може да има влијание не само на физичкото, туку и на менталното здравје на човекот.

– Водата нè прави повнимателни, позитивно влијае на варењето, помага во спречување на запек, а генерално го подобрува метаболизмот – вели д-р Кеј.

Таа објаснува дека иако една чаша вода наутро е поздрава од шолја кафе, тврдењето дека денот треба да го започнете со вода е мит.

– За некои луѓе, кои не можат или не стигнуваат да појадуваат наутро, подобро би било денот да го започнат со, на пример, шолја млеко, поради протеините и мастите што ги содржи. Бидејќи водата не е единствената течност што ни е потребна, но ниту кофеинот не е најлошата опција. Најважно е денот да го започнете со внес на течности – истакнува д-р Кеј.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma