Една од најубавите жени на светот, Софија Вергара, од неодамна има нов партнер, со кој веќе е видена во јавноста, но до сега не ја објавила својата романса.
Иако таа и нејзиниот поранешен сопруг Џо Манганиело беа пар кој важеше за еден од најубавите, на нивната љубов и дојде крајот и летово ставија точка на бракот.
Џастин Салиман, која не е од светот на глумата, туку хирург ортопед, ја врати насмевката на нејзиното лице. Таа се појави со својот нов партнер на настан во Беверли Хилс, облечена во провокативен црвен фустан кој ги истакна нејзините облини.
Ова не е прв пат Софија Вергара да биде фатена со нов партнер, а интересно е што и тогаш имаше многу провокативно деколте. Се чини дека оваа љубов е токму она што таа го чекаше по нејзиниот емоционален пад.
Црвената е бојата на љубовта, а можеби ова е нејзината порака, пренесува Super Woman.