Принцезата Кејт Мидлтон може да им „држи лекции“ на сите жени во светот како да изгледаат елегантно, без разлика дали ќе изберaт вечерен гламур, деловен стил или лежерна дневна варијанта.
Таа едноставно знае како да додаде допир на префинетост на секоја комбинација.
Таа денеска заедно со својот сопруг Вилијам посети добротворна организација која поддржува учење на отворено и авантуристички активности за младите, а за таа прилика се одлучи за моден избор што би го нарекле „совршена есенска облека за преку ден“.
Темните фармерки ги спои со кралско сина ролка, а потоа направи интересен пресврт – зелена карирана јакна. Вилијам модерно ја следеше и тие беа целосно синхронизирани.
Нејзината коса, како и секогаш, беше совршено обликувана, полна со волумен, а на нејзиното порцеланско лице немаше траги од тешка шминка.
Принцезата не бегаше од учество во спортски активности, па фото објективите ја фатија како вози велосипед со заштитна кацига на главата. И, секако, со насмевка, што е најубавиот адут на оваа дама.
Како ви се допаѓа принцезата Кејт во ова издание?