Дали е подобро овесното или бадемовото млеко? Нутриционистка одговара на ова често поставувано прашање

popara5 ноември, 20231min00
shutterstock1756548467-830x0

Кај нас најчестото млеко е кравјото, а и најмногу се купува. Меѓутоа, во некои ситуации сме принудени да ја корегираме исхраната заради здравјето, па се насочуваме кон други видови млеко.

Ги имаме во изобилство во продавниците, а нутриционистката Милка Раичевиќ одговара дали треба да внесеме друг вид млеко во исхраната – дали е подобро да изберете овесно или бадемово млеко, бидејќи овие две се меѓу најпопуларните.

– Овесот како житарка е многу здрав и го содржи целото зрно како и сите здрави хранливи материи. Треба да се напомене дека оваа житарка не го зголемува шеќерот, го регулира варењето, може да помогне во регулирање на тежината, како и притисокот, а содржи и здрави масти. Што се однесува до неговото млеко, не им препорачувам на љубителите на шеќер да го пијат бидејќи додека се варат овесот се цеди, му се додава вода и целиот тој процес може да предизвика кревање на шеќерот. Вистината е дека не содржи глутен, па ако некој има проблем со него, тогаш ова млеко е пожелно за внесување – вели таа.

Ако ви е невообичаено да го пиете директно, тогаш во овесното млеко можете да додадете суво грозје, урми или какао, што често го прават спортистите. Наместо него, вели нутриционистот Раичевиќ, може да најдете замена како кокосово или бадемово млеко. Во врска со ова, таа ја посочи важноста на бадемовото млеко.

– Кога станува збор за бадемовото млеко, најдобро е да ги прочитате декларациите бидејќи многу е важно дали има природни или вештачки шеќери. Ако ја има оригиналната форма на шеќер, знајте дека може да го крене шеќерот. Меѓутоа, ако би ве советувала кое млеко треба да го пиете, тогаш подобро е да имате овесно млеко бидејќи е најблиску до мајчиното млеко.

Таа напомена и што треба да прават луѓето кои имаат проблем со шеќерот, а тоа е дека во исхраната треба да внесат кисело млеко, кефир и сурутка кога се во прашање млечните производи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag