ШАКИРА СЀ УШТЕ МУ СЕ ОДМАЗДУВА НА ПИКЕ Пејачката го понижи бившиот сопруг на сред настап, ова навистина ќе го повреди

popara6 ноември, 20231min00
Screenshot_3

Пејачката Шакира и фудбалерот Жерар Пике одлучија да се разделат минатата година по 12 години врска во која ги добија синовите Милан и Саша.

 

 

 

 

Со текот на времето, се дозна дека главната причина за оваа одлука е неверството на Пике, а пејачката потоа се преселила во САД со своите синови. Шакира неодамна гостуваше на концертот на колумбискиот пејач Карлос Вивес, а по тој повод тие го изведоа својот дует „La Bicicleta“.

 

Пејачката при изведувањето на оваа песна го сменила текстот за да не го спомене бившиот. Дел од текстот на оваа песна му оддава почит на паркот Тајрон лоциран во Санта Марта, родниот град на Вивес: „Ако еден ден го покажете Пике Тајрон, тогаш тој нема да сака да се врати во Барселона…“

 

Сепак, Шакира на концертот пеела: „Ако му го покажеш типот Тајрон еден ден, тој нема да сака да се врати во Барселона…“.

 

Таа така на најдобар можен начин му се одмазди на бившиот. Таа му покажала дека веќе воопшто не е важен.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma