Ова се симптомите на паничен напад! Искуството е застрашувачко, но може да се надмине

popara10 ноември, 20231min00
Screenshot_5

Паничниот напад се карактеризира со ненадејно, неверојатно чувство на страв, кое трае неколку минути и е придружено со многубројни симптоми. Тој најчесто се случува ненадејно, брзо го достигнува својот врв и трае од десет минути до половина час.

 

 

 

 

Паничниот напад се карактеризира со интензивни симптоми, како што се отежнато дишење, забрзан пулс кој може да биде придружен со срцева аритмија, треперење, потење, слабост или вртоглавица, пецкање во рацете и нозете, несвестица или страв од смрт. Кога сè ќе помине, се чувствува слабост, замор и исцрпеност.

 

Паничниот напад е повеќе од страв

 

Станува збор за реакција на нашето тело според принципот „бори се или бегај“. Се чини дека доаѓа и почнува од никаде, а често не постои очигледна причина за појавата на симптомите. Тоа е дел од причината зошто се нарекува „напад“. Може да биде толку ненадејно и интензивно, што ќе се чувствуваме беспомошни, неспособни да се движиме или да размислуваме јасно.

 

Напливот на адреналин предизвикува срцето забрзано да чука, а може и да појават проблеми со дишењето. Грлото ни се стега и не можеме да голтаме или можеби мислиме дека ќе повратиме, а овие чувства може да го отежнат здивот. Понекогаш се чувствуваме толку слаби што целата соба почнува да се врти.

 

Симптом на паничниот напад може да биде и потењето на дланките или на други места. Освен тоа, целото тело може да почне да се тресе. Кога крвта оди во срцето и мускулите, прстите на рацете или нозете може да се вкочанат или да се јави чувство на пецкање.

 

Колку долго трае паничниот напад?

 

Нападот на паника обично се појавува ненадејно и го достигнува својот врв за околу 10 минути. Нападите ретко траат повеќе од еден час, а повеќето завршуваат за 20 или 30 минути и не се секогаш исти.

 

Кога треба да се обратите на лекар?

 

Веројатно не треба да се грижите ако сте имале само еден или два напада кои поминале без никакви други проблеми. Но, ако тие се случуваат почесто или ако сте загрижени, треба да посетите лекар.

 

Што може да предизвика паничен напад?

 

Паничните напади често се поврзани со стрес. Понекогаш постои физичка причина, на пример, проблеми со тироидната жлезда или ненадеен пад на шеќерот во крвта. Премногу кофеин или употреба на дроги како амфетамини или кокаин или злоупотреба на алкохол се исто така можни причини за појава на панични напади.

 

За да се намалат нападите и да ослабат симптомите, се препорачуваат активности за намалување на анксиозноста, како дружење со луѓе, добар сон, физичка активност, техники за опуштање и одбегнување цигари, кофеин и алкохол.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag