Совети за неутрализирање на мирисот на цигари во домот: Никогаш не би помислиле дека овие работи ќе помогнат!

popara10 ноември, 20231min00
9b169bae098124177efdea4c95dc1fccd66dcfbb

Советите за чистење на г-ѓа Хинч станаа толку популарни што нејзините обожаватели постојано ги споделуваат, а тие исто така почнуваат да откриваат свои малку необични трикови. Имено, г-ѓа Хинч е омилен британски инфлуенсер која споделува совети за чистење на група на Фејсбук која има речиси 700.000 членови, пишува The Sun.

Корисникот на Фејсбук Паула постави прашање во групата: „Може ли некој да препорача како да се отстрани мирисот на чадот од цигарите од домот?“ Имено, таа купила куќа во која луѓето пушеле 30 години и смрдеата е навистина страшна. Фановите на г-ѓа Хинч ја опсипаа со трикови за да се ослободи од несаканата смрдеа.

„Многу сте храбри да купите дом од пушач, тоа не е за слабо срце! Ако имате дрвени подни даски кои најверојатно се полни со катран, најдобро би било да ги отстраните и да ги соголите ѕидовите до малтерот, а потоа добро да ги измиете сите површини, ѕидови и таван најмалку пет пати“, советувала корисничката по име Клер.

„Шеќерниот сапун е одличен за чистење на сите површини, но прво отстранете ги теписите“, додал еден корисник. Другиот, пак, ѝ предложи на Паула да купи боја што го блокира мирисот.

„Доколку смрдеата влегла во теписите или ткаенините во станот, најдобро е да ги фрлите и да купите нови“, вели уште еден совет. „Исечете кромид на половина и оставете го во секоја соба да ги впие мирисите“, напишала корисничка по име Рејчел.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma