КАКО ЖЕНА СО ВИШОК КИЛОГРАМИ МОЖЕ ДА ЗРАЧИ СЕКСАПИЛ:Ешли Греам во фустан кој вешто ги прикрива сите мали недостатоци

popara10 ноември, 20231min00
Ешли Греам

Дами,еве како и со малку вишок килограми можете да изгледате секси,но и културно на важен настан.

Манекенката Ешли Греам,на доделувањето на наградите се појави во фустан кој беше совршено кроен за нејзината фигура.Таа важи за една од најубавите плус сајз модели на денешницата.

Само таа може со таква самодоверба да ги истакне своите бујни облини.Имено,таа има 91 килограм и изгледа како да има 60, додека нејзината висина е 177 см.Една од нејзините клучни пораки е дека не треба да се срамиме од нашите несовршености.

Ешли истакнува дека не е срамота да се има целулит или други физички карактеристики кои не се совпаѓаат со „совршените“ стандарди за убавина кои често ги гледаме во медиумите.

Таа не е оптоварена со физичкиот изглед и многу смело носи различни модни комбинации.Овој пат тоа беше овој долг лелеав фустан со црно-бел принт.Долги проѕирни ракави со корсет кој ја истакнуваше нејзината половина.

Го искомбинирала со црни сандали и чанта, а накитот бил сребрен, но многу суптилен. Бујната, сјајна и долга коса е нејзиниот заштитен знак, а за оваа пригода ја стилизираше во меки бранови. Што се однесува до нејзината шминка, таа беше крајно дискретна,така што нејзината природна убавина беше во преден план.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma