Талула Вилис (29),ќерка на популарниот актер Брус Вилис,гостуваше во шоуто на Дру Баримор и ги откри сите детали за борбата на актерот со фронтотемпоралната деменција.
Талула ја откри и неговата моментална состојба.
– Тој е истиот,што мислам дека е најдоброто нешто што можеме да го побараме – изјави Талула Вилис,а потоа накратко го опиша.
– Гледам љубов кога сум со него,тој ми е татко и ме сака,што е навистина посебно – додаде таа.
Откако на Вилис му беше дијагностицирана болеста,неговото семејство често зборуваше и споделуваше детали за неговото здравје.Како што вели ќерката на актерот,нивната примарна цел е да ги освестат луѓето за деменцијата.
– Од една страна тоа сме ние како семејство,но во исто време ни е многу важно да ја шириме свеста за ФТД.Ако можеме да преземеме нешто со кое се бориме како семејство и индивидуално за да им помогнеме на луѓето, да го свртиме и да направиме нешто убаво околу него,тоа е многу посебно за нас – рече таа.
Да потсетиме,минатата година на Брус му беше дијагностицирана афазија – нарушување на говорот,по што се повлече од актерството Овој февруари му беше дијагностицирана деменција.Неговото семејство,вклучително и неговата поранешна сопруга Деми Мур (60),потоа објавија соопштение во кое зборуваа за оваа тешка болест.
– Иако ова е болно,олеснување е конечно да се има официјална дијагноза.ФТД е сурова болест за која малкумина од нас слушнале и може да влијае на секого.За луѓето под 60 години, ФТД е најчеста форма на деменција,и бидејќи може да поминат години за да се добие дијагноза,ФТД е веројатно пораспространета отколку што знаеме,напишаа тие тогаш.