ОСУДЕН РОБЕРТ ДЕ НИРО! Познатиот актер мора да и плати огромни суми пари на поранешната асистентка!

popara10 ноември, 20231min00
Screenshot_3

Компанијата на Роберт де Ниро ќе треба да ѝ плати повеќе од 1,2 милиони долари на неговата поранешна лична асистентка како отштета, откако Судот утврди дека неговата продукциска компанија допуштила полова дискриминација.

 

 

 

 

Инаку, двојниот оскаровец мина три дена од двонеделното судење, вклучително и два на говорницата за сведоци. Иако поротата утврди дека Де Ниро не е лично одговорен за тоа што се случило, на неговата продукциска компанија „Канал продакшн“ ѝ е наложено да изврши две исплати од по 632.142 долари на неговата долгогодишна асистентка Грејм Чејс Робинсон.

 

Тој е во правни битки со Робинсон откако таа си замина од кај него во април 2019 година. Тој не беше во судницата кога беше прочитана пресудата во четвртокот попладне.

 

Робинсон сведочеше дека Де Ниро (80) и неговата девојка Тифани Чен заговарале против неа за да ѝ ја претворат работата што некогаш ја сакала и каде минала околу 10 години – во кошмар.

 

Де Ниро и Чен сведочеа дека Робинсон станала проблем кога пројавила амиции за сѐ поголема плата во компанијата на Де Ниро. Глумецот пред поротата сведочеше дека ѝ ја зголемил платата на Робинсон од безмалку 100.000 долари годишно на 300.000 долари и ја унапредил во потпретседателка за продукција и финансии на нејзино барање, иако нејзините обврски останале речиси исти.

 

Роберт де Ниро како сведок призна и многу од тврдењата на Робинсон во однос на нејзината тужба за полова дискриминација и одмазда во вредност од 12 милиони долари, вклучително и дека тој можеби ѝ рекол оти неговиот личен тренер добил поголема плата од неа, делумно затоа што имал семејство за прехранување.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag