Дали треба да пиеме вода за време на вежбањето? Прашање кое многумина ги мачи кога одат на тренинг

popara11 ноември, 20231min00
Screenshot_5

Секојдневното пиење вода е неопходно за функционирање на организмот. Водата е особено важна за оние кои вежбаат бидејќи се губаттечности преку потта, па затоа треба да се надополни. Но, дали е здраво да се пие вода за време на вежбањето?

 

 

 

Експертите наведуваат дека е неопходно да се пие вода пред, за време на тренингот и потоа.

 

Човечкото тело се состои од повеќе од 70 проценти вода, а без соодветна хидратација секој ден, телото не може да функционира.

 

 

Недоволната количина на вода може да предизвика многу здравствени проблеми како што се дехидратација, камења во бубрезите и проблеми со варењето. Водата помага во одржување на нормалната телесна температура и обезбедува заштита на ‘рбетот и ткивата.

 

За време на вежбањето, водата помага во одржување на концентрацијата на гликоза во крвта и го подобрува времето на закрепнување. Затоа, спортистите треба да бидат добро хидратирани пред вежбање и да пијат доволно течности за време на  по вежбањето за да се балансира загубата на вода, истакнуваат експертите.

 

Најдобар начин да проверите дали пиете доволно вода дневно е да внимавате на бојата на урината. Ако бојата е светложолта или безбојна, тоа значи дека имате доволно вода во телото, но ако бојата е темножолта или килибарна, тоа е показател дека веднаш треба да почнете да пиете повеќе вода.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag