Начинот на кој се облекува Џорџина Родригез, малку по малку се наоѓа на мета на критики. Во документарецот на Нетфликс за нејзиниот живот, таа призна дека нема стилист, бидејќи никој не ја познава доволно добро, па не знаат каква облека и одговара или што сака.
Свршеницата на португалскиот фудбалер решително го брани својот моден вкус, а критики предизвика и со новото модно издание.
ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ФОТОГРАФИЈАТА ТУКА
Џорџина Родригез на Инстаграм го откри новиот стајлинг со коментар „среќна девојка“, сè на неа е брендирано, како оваа јакна на Гучи. Внимание на многумина им привлекоа и сандали со огромна платформа.
Џорџина, која на Инстаграм ја следат 50 милиони луѓе, исто така е критикувана дека на арогантен начин го промовира својот животен стил.
ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ФОТОГРАФИЈАТА ТУКА
Провокативно е, според мислењето на многумина, но не го менува модниот правец, ниту имиџот.
Нејзиниот нов аутфит беше коментиран на Инстаграм: „Те молам најди стилист“, „Можеш да го напуштиш селото, но селото никогаш не те остава“, „Ова изгледа очајно“, „Навистина немаш смисла за мода“, „Ова е чудно “, „Таа е убава жена, но не може да најде свој стил“, пишуваат следбениците со висока доза на критика.