Здрави намирници кои се богати со ЈАГЛЕХИДРАТИ: Можете да ги вклучите во вашите оброци без грижа на совест

popara15 ноември, 20241min00
Screenshot_10

Диетите главно се базираат на тоа да се избегнува храната богата со јаглехидрати, што е сосема погрешно.

 

 

 

 

Постојат најмалку 6 намирници, како пуканки и компир, кои содржат јаглехидрати, а се неверојатно здрави.

 

Тоа значи дека со овие намирници сигурно ќе изгубите некој килограм:

 

  1. Јачмен

 

Варениот јачмен позитивно влијае на бактериите во желудникот, односно на тој начин ја забрзува работата на метаболизмот. Научниците открија дека варениот јачмен е одличен начин да останете сити подолго време.

 

  1. Пуканки

 

Поголем број на луѓе чувствуваат помалку глад кога грицкаат пуканки, отколку кога грицкаат чипс. А со пуканките внесувате значително помал број на калории.

 

  1. Печена леблебија

 

Ако сакате брз и крцкав оброк, леблебиите треба да ви бидат први на листата. Полни се со здрави влакна и протеини, покрај кои губењето на килограми е многу полесно.

 

  1. Сладок компир

 

Еден сладок компир со средна големина содржи 27 грама јаглехидрати, но и голема количина адипонектин – хормон кој го регулира нивото на шеќер во крвта и ја поттикнува работата на метаболизмот. Слаткиот компир е ослободен од масти и има многу помалку калории отколку обичниот.

 

  1. Житарки од цело зрно

 

Научно е докажано дека мажите и жените кои консумираат житарки од цело зрно за појадок имаат значително помала тежина и помалку сало во пределот на стомакот.

 

  1. Киноа

 

Оваа житарка се уште не е доволно позната, но содржи 2 пати повеќе влакна отколку било кои други житарки. Влакната се добри затоа што се раствораат многу бавно во организмот, заради што одржуваат баланс на шеќерот во крвта. Плус, киноата не содржи глутен.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag