Сакате да заштедите пари? Пробајте ги овие трикови, веројатно сѐ уште не сте размислувале за ова

popara12 ноември, 20241min00
Screenshot_13

Кога ќе добиета плата, направете список на сè што треба да платите, од комунални услуги и заеми до осигурување. Организирајте ги остатокот од парите, така што ќе завршите со одредена сума што ја ставате настрана.

 

 

 

 

  1. Платете ги долговите што е можно поскоро

 

Фактот дека имате многу да платите создава чувство на стрес, а тоа може да има лош ефект врз деловната продуктивност, што е клучно за заработка. На крајот на краиштата, тешко е да заштедите ако должите нешто цело време. Најпрво исплатете ги најмалите долгови и преминете кон поголемите. Математички можеби не е најпаметно, но психолошки е најлесно.

 

  1. Поставување детални цели

 

Поставете детални цели за тоа како сакате да ги искористите парите во месецот, а за што ќе ја искористите заштедата. Така ќе ви биде полесно да знаете со колку пари ќе располагате во еден месец и колку може да се опуштите.

 

  1. Платете ги сметките веднаш штом земете платите

 

Доколку сметките ги платите веднаш штом земете плата, нема да должите на ниту една компанија и нема да стравувате дека ќе бидете исклучени. Од друга страна ќе добиете слика колку пари ви остануваат и нема да паѓате во искушение парите тргнати настрана за сметки да ги потрошите на нешто друго, а потоа да ви ја исклучат струјата или телефонот.

 

  1. Купувајте паметн

 

Импулсивните набавки од прва рака создаваат добри чувства. Сепак, после тоа доаѓа чувство на разочарување затоа што парите биле потрошени за нешто што навистина не ви треба и само зазема простор, а вие сте останале без пари за нехопходните набавки.

 

  1. Поставете приоритети

 

Ако вашиот стар телефон работи добро, нема потреба да купите нов. Размислете за тоа што можете да купите или колку можете да заштедите за некои работи што планирате да ги потрошите и во суштина не се приоритет.

 

  1. Не обрнувајте премногу внимание на рекламите

 

Рекламите се толку добро направени за да ве измамат да го купите производот и тоа е во ред доколку имате потреба и неопходност од истиот. Но да купите производ затоа што ви била примамлива цената или нуделе добра понуда на рати, а вие веќе имате таков производ кој се уште ве служи, е погрешно за вашиот буџет.

 

  1. Работи кои заштедуваат енергија и пари

 

Обрнете внимание дали користите штедливи светилки или дали вашите кујнски апарати поради некоја причина трошат повеќе електрична енергија заради која имате поголеми сметки. Доколку имате таков проблем можеби е подобро веднаш да го поправите дефектот или да купите нов апарат кој ќе троши помалку енергија, што ќе ви заштеди пари од сметката и во брз рок ќе ви се исплати на буџетот.

 

  1. Обрнете внимание на деталите

 

Нема ништо лошо во тоа ако изберете поевтини производи, но обрнете внимание на квалитетот на нештата заради подолг рок на траење. Добрите парчиња облека се поскапи, но нема да морате да ги менувате секоја сезона.

 

  1. Користете мобилни апликации за да ги следите трошоците

 

Тешко ќе заштедите ако не ги пратите вашите трошоци. Не мора да собирате сметки и да запишете сè, можете да имате сè на вашиот телефон.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag