Постојат три хороскопски знаци кои кога повредуваат, ретко имаат грижа на совест, дури и во љубовните односи. Тие освен што се однесуваат површно со туѓите, тоа го прават дури и со своите емоции.
Еве за кого се работи:
БЛИЗНАЦИ
Близнаците се симпатични, духовити и паметни и затоа лесно можете да се вљубите во нив. Сакаат да им биде убаво со нив, но ако почнете да претерувате со барања и услови, лесно може да го променат расположението и да ве остават со скршено срце.
ЛАВ
Тие имаат неверојатно големи ега и постојано се во војна помеѓу супериорноста и инфериорноста. Ако ги навредите, очекувајте дека можат навистина да ве повредат. Интересно е што тие може да не ве остават, ама ќе ве повредат до степен што ќе ве натераат вие да ги оставите.
СТРЕЛЕЦ
Тие повредуваат затоа што им е здодевно. Затоа, ако сте повредени од Стрелец, секогаш имајте на ум дека не сте вие виновни. Во нивниот свет ништо не е стабилно. Ако сте и вие во истата несериозна фаза во животот, тогаш нема да бидете повредени. Во спротивно, спасете се навреме.