Се будите со главоболка? Ова се можните причини

popara11 ноември, 20231min00
Screenshot_18

Ако одите во кревет со главоболка, голема е веројатноста дека ќе ја снема до утро. Сепак, не сите имаат толку среќа. Според истражувањата, еден од тринаесет луѓе се буди со главоболка, а има неколку причини зошто тоа се случува.

 

 

 

 

Апнеја при спиење

 

Според невролозите, хроничните утрински главоболки обично се или мигрена или главоболки на напнатост. Мигрената е мачна болка на едната страна од главата, придружена со чувствителност на светлина или гадење.

 

Тензичните главоболки обично се манифестираат како силен притисок околу главата. Поголема е веројатноста да ги доживеете ако страдате од анксиозност или депресија.

 

“Без разлика на видот на главоболката, таа може да биде резултат на апнеја при спиење. Ако вашиот партнер се жали дека гласно ‘рчите, големи се шансите дека ја имате таа состојба”, вели д-р Насими Шадбер.

 

Други симптоми на апнеја при спиење вклучуваат чувство на екстремен умор, тешкотии со концентрирање и промени во расположението.

 

Мелење заби ноќе

 

Друга ноќна навика која би можела да биде виновник за утринската главоболка е крцкањето заби во сон. Многумина од нас не се ни свесни дека тоа го правиме. Оваа навика може да создаде многу напнатост во вилицата, што пак може да предизвика силна утринска главоболка.

 

Лош сон

 

Лошиот квалитет на сон може да предизвика главоболки, додека подобриот сон може да ги ублажи. Доколку страдате од несоница и лошо спиете, внимавајте на стресот, анксиозноста, депресијата и консумацијата на кофеин, алкохол и никотин и проверете ја околината во која спиете.

 

Експертите советуваат да си легнете и да се будите во исто време секој ден, а пред спиење да се опуштите со книга или топла купка наместо да гледате телевизија. Редовното вежбање и затемнетата просторија исто така можат да помогнат.

 

Лекови против болки

 

Пречестото или предолго земање лекови против болки може да предизвика главоболки.

 

Храна и пијалок

 

Алергиите и чувствителноста на храна може да предизвикаат мигрена.

 

Студијата од 2020 година објавена во списанието Nutrients покажа дека обработената храна, црвеното вино и старите сирења се вообичаени виновници. Кафето може да биде и причина за утринска главоболка. Кофеинот треба да се избегнува попладне.

 

Анксиозност или депресија

 

Ако страдате од анксиозност или депресија, можеби сте повеќе склони кон главоболки. Важно е да побарате помош од вашиот општ лекар ако мислите дека сте депресивни.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag