Овие намирници помагаат при опаѓање на косата, а еве кога треба да побарате лекарска помош

popara22 ноември, 20241min00
Screenshot_5

Губењето на косата е проблем на милиони мажи и жени. Некои облици на опаѓање на косата може да се запрат со правилна нега, промена на навиките, или со одредени. Покрај препаратите и естетските процедури, косата може да ја заштитите и со одредени намирници. Во продолжение прочитајте кои се тие.

 

 

 

 

Омега-3 масни киселини

Тие се важни за целокупното здравје, но исто така го забрзуваат растот на косата и ја прават убава и сјајна. Ако се борите и со инсулинот, лососот може да му помогне на организмот подобро да го процесира. Лососот содржи и витамин Д, кој ќе го стимулира растот на фоликулите, а за оние на кои им е потребно обновување, овој витамин ќе помогне во регенерацијата.

 

Овесна каша

Овесната каша е еден од најлесните појадоци за подготвување, а може да направи чуда за вашата коса. Оваа намирница е полна со растителни влакна, цинк, киселини и полузаситени масни киселини. Оваа комбинација на силни состојки ќе го стимулира растот на косата, особено на силните и здрави влакна.

 

Кикирики

Треба да знаете дека кикириките се одлични за здрава коса, бидејќи се извор на биотин, за кој е докажано дека го стимулира растот и го спречува опаѓање на косата. Само неколку грстови кикирики ќе ви дадат протеини, влакна и антиоксиданти. Наместо кикирики, можете да јадете и путер.

 

Јајца

Јајцата содржат многу протеини и важни хранливи состојки, кои косата ги сака – витамини А и Д, Б12.

 

Не заборавајте на витаминот Д

Од сите хранливи материи што се наоѓаат во јајцето, витаминот Д е сигурно најважниот за вашата коса. Студиите докажаа дека овој витамин помага да се создадат нови фоликули на косата, а тие ќе помогнат да растат нови влакна.

 

Спанаќ

Спанаќот содржи магнезиум, железо и фолна киселина. Има и витамин Ц, кој ги штити клетките од надворешните штетни влијанија, но исто така и мембраните на фоликулата.

 

Морков

Ако вашата коса е сува и безживотна, морковот ќе ги стимулира жлездите на скалпот.

 

Не заборавајте на внесот на железото

Железото е клучно за производство на хемоглобинот, дел од крвта што ги носи клетките на кислородот во органите и ткивата. Кога хемоглобинот е на нормално ниво, целото тело, вклучувајќи ја и косата, има доволно крв, па затоа се стимулира нормален раст на косата. Ако сакате да додадете железо во исхраната, паметен избор е сушеното овошје или сокот од вишни. Јајцата, урмите, сувото грозје, лиснатиот и темно зелен зеленчук, како и целите зрна житарки се исто така богати со железо. Витаминот Ц ја подобрува апсорпцијата на железото, па затоа овошјето како јагоди, лимони или портокали треба да бидат дел од вашата исхрана.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag