Бајадерите се едни од колачите кои речиси сите ги сакаат.
Бајадерите отсекогаш биле едни од омилените колачи во нашите краишта и еден од незаменливите деликатеси на прославите.
Белите бајадери во последно време стануваат се попопуларни,а рецептот за нив не е воопшто тежок.
СОСТОЈКИ:
Бел фил
вода – 1 dcl
шеќер – околу 200 грама
путер – едно пакување од 125 грама
млеко во прав – околу 200 грама
кокос – околу 100 грама
Темен фил
вода – 2 dcl
шеќер – околу 300 грама
путер – едно пакување од 125 грама
мелен бисквит – околу половина килограм
ПОДГОТОВКА:
За да го подготвите белиот фил,прво зовријте вода,шеќер и путер заедно.Кога ќе го тргнете садот од шпорет,додадете го млекото во прав,добро измешајте,па додадете го кокосот.
Темниот фил е за долната кора.Сварете ја водата,шеќерот и путерот,а потоа додадете мелени бисквити.
Откако светлиот фил малку ќе се излади,прелијте го врз темниот фил.После тоа, ставете ги бајадерите во фрижидер малку да се стегнат.