Сара Џесика Паркер класичните модни комбинации секогаш ги надополнува со уникатни и креативни чевли

popara14 ноември, 20231min00
tan2023-11-14020319575-830x0

Сара Џесика Паркер е дефинитивно модна икона. Со оглед на тоа што култната улога во серијата „Сексот и градот“ ѝ обезбеди ѕвезден статус, а хероината Кери Бредшо важеше и за најстилската девојка во Њујорк, не можеме да кажеме, според загатката, што дошло прво, јајцето или кокошката? Односно, дали модниот вкус на Сара влијаеше на ликот на Кери или ликот влијаеше на развојот на посебниот стил на Сара?

На крајот на краиштата, тоа не е ни важно, единствено важно е што оваа дама секогаш не воодушевува со својот изглед на црвениот тепих.

А овој пат, на хуманитарен настан во Њујорк, таа дојде облечена во долг плишан црн фустан со бела јака што ја истакна нејзината фигура на песочен часовник.

Но, она што најмногу привлече внимание, како и секогаш, беше изборот на обувки на Сара. Интересните ретро салонки со розова машна едноставно го „украдоа шоуто“.

И како ви се допаѓаат?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag