Сите деца на Анџелина Џоли и Бред Пит го имаа презимето Џоли-Пит, но тоа веќе не е така.
Анџелина Џоли никогаш не криела колку е горда на своите деца,Медокс,Захара,Пакс,Шајло и близнаците Вивиен и Нокс,кои ги има со поранешниот сопруг Бред Пит.Таа секогаш истакнува колку нејзините деца се неверојатни, а од друга страна,иако ги посвоила првите три деца,никогаш не ги одвојувала од биолошките.Покрај тоа,таа секогаш ги охрабрувала да го сакаат и почитуваат своето неамериканско потекло,што може да се види кај нив денес додека растат.
Захара Џоли-Пит има 18 години,започна нов период во животот, а се чини дека решила да направи голема промена и дека повеќе не се презива Џоли-Пит. Нешто слично како нејзината мајка,која исто така се откажала од презимето на Бред.
Захара беше примена во првото црнечко женско друштво во историјата,Alfa Kapa Alfa ,што можеше да се види од бројните видеа кои се шират на социјалните мрежи.
Пречекот на новите членови во сестринството се одвиваше во знакот на песната и орото,како и убавото расположение за добредојде,а свој момент на запознавање имаше и Захара.
View this post on Instagram
Таа самоуверено и со аплауз застана пред насобраниот народ и рече:„Се викам Захара Марли Џоли“.
Со ова таа покажа дека очигледно застанала на страната на нејзината мајка во случајот за развод на нејзините славни родители и се откажала од презимето на нејзиниот татко Пит.
Захара немала трема,веројатно затоа што е од семејство кое од мали нозе го следеле фотографи,медиуми и папараци,а факултетот на кој студира е место кое го промовира образованието на жените со африканско потекло.