Емили Ратајковски тренира еднаш неделно:„Најдоброто тело“ на Холивуд воопшто не сака теретана

popara17 ноември, 20231min00
Емили Ратајковски

Манекенката не е љубител на ригорозни вежби,што е изненадувачки со оглед на нејзините неверојатни стомачни.

Емили Ратајковски е препознатлива по беспрекорната фигура.Секој пат кога ќе видиме една од нејзините многубројни објави во бикини на социјалните мрежи,се прашуваме како нејзиниот стомак е толку рамен и од каде ги добила тие совршени стомачни.

Ќе помислите дека за затегнато тело како нејзиното ќе ви требаат безброј часови во теретана и високо дисциплинирана исхрана. Во случајот со убавата манекенка,оваа помисла и не е толку веродостојна.

Заменувајќи ги интензивните тренинзи за пешачење и рестриктивните диети за нешто попопустливо,Ратајковски изгледа го прифаќа пристапот „помалку е повеќе“.

Ќе кажеме и дека „среќните“ гени секако имаат врска со нејзината завидна фигура.

Исхрана
Ратајковски за појадок се одлучува за кафе и пециво наречено „kouign-amann“ (колач од тесто со многу путер) и го консумира секој ден без исклучок.

Во споредба со појадокот,Ратајковски има тенденција нејзините ручеци да бидат прилично лесни.

– Ручекот најчесто е салата или сендвич.Ако сум на снимање,имам кетеринг,но добро се однесувам кога е тоа во прашање- рекла таа.

Соковите од зеленчук се неизбежен дел од менито на Емили.

– За мене е важно да се чувствувам добро во врска со тоа што го јадам.Сакам куркума и сок од цвекло – рекла таа.

Поголемиот дел од денот го поминува надвор од дома,а манекенката ретко останува дома на вечера.

– Вечерата е моето време на слобода и социјален живот.Ми се допаѓа италијански ресторан кој има добри коктели и вино.Но,ако не сум расположена за јаглехидрати,ќе се одлучам за суши.

Во ретки прилики кога е всушност дома на вечера,Ратајковски сака да готви.Посебно сака протеини,па месото обично е на нејзиното мени за вечера.

-Јас сум љубител на месо.Навистина сакам да јадам месо.Копнеам по железо – изјавила Емили.

Но,генерално,балансирана исхрана е мојот приоритет.

Иако не е девојка која се препушта во уживањето во грицките,таа понекогаш си дозволува торта или кроасан наутро за појадок, пренесува „Elle“.

Тренинг
Ако мислите дека Ратајковски е еден од оние луѓе кои рредовно поминуваат часови тренинг или е речиси „зависна“ од пилатес како Меган Маркл,тогаш не може да згрешите повеќе.

Наместо интензивен тренинг,манекенката претпочита малку побавно темпо кога е вежбањето во прашање.

– Не сум љубител на теретана.Сакам да бидам надвор,да правам јога и планинарење.Одам во студио за јога еднаш неделно. Немам тренер,не сум луда по фитнес – изјавила таа и ги изненадила сите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma