Редовно наводнување
– Колку е посветла и потопла просторијата во која се, толку растенијата почесто треба да се полеваат, но не смеат да пливаат во водата. Доволно е почвата да биде умерено влажна.
– Цветовите кои се ставаат во ладна просторија во текот на зимата се полеваат многу малку и ретко.
– Водата за полевање секогаш треба да биде отстоена, без вар и на собна температура.
– Растенијата што цветаат во зима треба почесто да се полеваат. Циклама, азалеи и други видови цветаат во зима, тие треба да се наводнуваат на два или три дена.
– Растенијата што одмараат во зима треба да се полеваат многу поретко, само колку да не им се исуши почвата. Ова се однесува на кактуси, филадендрони, сансеверии, дифенбахии. Исклучок е водната палма, која бара обилно наводнување во текот на целата година.
– Редовното наводнување ќе му одговара на дрвото на животот, бенџамин и папрат.
Температура и влажност
Идеалната температура за внатрешно цвеќе е помеѓу 15 и 20 степени. На сите растенија во станови со централно греење им е потребна поголема влажност, па покрај саксиите ставете плитки садови со вода која ќе испарува. Плеховите во кои стојат саксиите не можат да се користат за ова, бидејќи десет минути по наводнувањето на цвеќето треба да се истури вишокот вода од нив, за да не скапуваат цвеќињата.