И оние кои не ја сакаат мораат да кажат дека совршено изгледа: Меган Маркл во фустан од 2.990 долари кој е ода на елеганцијата

popara20 ноември, 20231min00
Меган Маркл

Убавата Меган блескаше на црвениот тепих и беше навистина тешко да се тргне погледот од нејзиниот нов стајлинг.

Само неколку дена откако привлече големо внимание во Монтесито, Калифорнија,Меган Маркл прошета на црвениот тепих во Лос Анџелес на настанот Power of Woman на списанието Variety.

Настанот ги слави денешните жени од висок профил од кои секоја ја доби насловната страница на списанието Variety,а Меган, војвотката од Сасекс беше почестена минатата година и им кажа на новинарите на црвениот тепих дека е „горда“ што присуствува и ја поддржува.

Како и претходните години,така и оваа година се прославија влијателните жени во забавната индустрија и нивните филантропски потфати.

Меган за оваа посебна пригода носеше прекрасен фустан кој беше совршен спој на софистицираност со примеси на модерен стил.Војвотката се одлучи за беж фустан од Proenza Schouler Rosa од 2.990 долари кој ја истакна нејзината совршена фигура.

Фустанот го спои со чантата Flip од истата марка во црна кожа,која чини 1.390 долари и чевлите Aquazzura,кои чинат 895 долари.

Прстенот Charlotte на Меган одлично ја комплетираше целата оваа комбинација,а Меган потроши нешто помалку од 100 долари за него.Сопругата на принцот Хари го усогласи со класични обетки и нараквица „Love“ од Cartier.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma