Јапонското јаболко каки,слатко како кајсија,е вистинска здравствена бомба

popara20 ноември, 20231min00
Јапонски јаболки

Егзотичниот плод на јапонското јаболко во неговата незрела форма може да има адстрингентен вкус,но кога е целосно зрело е  како мед.За жал,не е често во нашата овошна чинија поради тоа што го купуваме во погрешна фаза на зреење и не ги знаеме неговите придобивки.

Бидејќи е достапен токму во есен/зима сиромашниот со витамини период,дозволете оваа портокалова топка да ве освои со својот мирис и вкус.

Слаткото и вкусно овошје по потекло од Јапонија,е богато со здрави хранливи материи како што се витамини,минерали и антиоксиданси.

Во текот на секоја сезона на зреење,овошните дрвја можат да ја променат формата.Тие исто така варираат по големина од околу 50 до 500 грама.Бојата на овошјето варира од светло жолта до темно портокалова.Целото овошје може да се јаде освен семето и стеблото.

Kaki jabuka

Корисни својства на јаболкото каки
Содржи малку калории (70 cal/100 g) и е богат извор на влакна.
Богат е со антиоксиданси како катехини и галокатехини,а поради хемискиот состав на бетулинската киселина содржана во неа, го спречува создавањето на тумори.Катехините се познати по тоа што имаат антиинфламаторно дејство.
Свежите јапонски јаболки содржат витамин А,бета-каротен,ликопен,лутеин,зеаксантин и крипоксатин.Сите овие соединенија играат важна улога против слободните кислородни радикали кои предизвикуваат стареење и разни болести.Зексатин е суштински диететски каротенид,кој особено се апсорбира во очите,каде што служи како антиоксиданс за филтрирање на светлината.
Добар извор на витамин Ц
Содржи многу важни Б-комплекси (Б-6).Овие витамини помагаат во различни метаболички функции во телото.
Свежото овошје содржи и калиум,магнезиум,бакар и фосфор.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma