ДОМАШНИ КРЕКЕРИ: Превкусни и крцкави, спремни за само 30 минути

popara21 ноември, 20231min00
50333_shutterstock-314751449_f

Потребно е:

250 гр брашно
брашно за да се замеси тестото
1 прстофат сол
1 лажичка прашок за пециво
100 мл масло
100 мл вода

Подготовка:

Прво вклучете ја рерната на 180 степени. Просејте брашно со прашок за пециво. Додадете сол, масло и вода, па замесете мазно тесто. Потоа тестото префрлете го на набрашнета работна површина и уште малку замесете го. Расукајте го со сукало до дебелина од неколку милиметри. Врз него посипете сусам, па со сукало лесно поминете го за да се залепи сусамот. Извадете кругови со чаша. Тестото ставете го во тавче подмачкано со масло и премачкајте го со јајце. Печете 20 минути на 180 степени. Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma