Зошто за колачи не треба да користиме ладни јајца од фрижидер и зошто не се боцкаат кобасиците: Грешки при спремање храна

popara21 ноември, 20231min00
likemeat-csxpcqrrlo8-unsplash-830x0 (1)

Вистина е дека појадокот е најважниот оброк во денот и дека не треба да има ограничувања за храната што треба да ја користиме, но се случува да направиме некои некласични грешки, пишува „Healthy gem“. Кои се кулинарските трикови што треба да ги совладаме?

Ладни јајца

Јајцата се намирници кои играат голема улога во нашата исхрана и често се наоѓаат како прв избор за појадок. Кога ги подготвуваме, најчесто ги земаме директно од фрижидер, но тоа не е добра идеја. Сите јадења треба да бидат на собна температура пред употреба.

Без разлика дали ги пржите директно во тава или ги користите за палачинки, колачи или нешто друго, ако користите јајца на собна температура, тестото што ќе го замесите ќе биде помеко.

Цврсти палачинки

Ако сакате да правите палачинки, не ги матете долго бидејќи тоа ќе доведе до поцврсто тесто, а вие не го сакате тоа, нели? Прекумерното мешање на тестото создава повеќе глутен во тестото, што ќе направи палачинката да се пече повеќе како леб. Не грижете се ако останат грутки во тестото.

Сланина на собна температура

Ситуацијата е иста како кај јајцата: подобро е да се остави 15 минути надвор од фрижидерот отколку директно во тавата. Белиот дел од сланината ќе остане поладен од делот каде што е месото, па кога ќе ја ставите во тавата, двата дела ќе имаат иста температура и подобро ќе се пржат.

Прво изматете ја кајганата

Совршено изматено јајце е она кое има доволно „воздушни снегулки“ кои се топат во устата. За да го постигнете ова, најдобро е прво да ги изматите јајцата во сад, а потоа содржината да ја истурите во тавата. На овој начин воздухот „влегува“ во јајцата, а притоа матењето овозможува убаво да се спојат белките и жолчките.

Не ги боцкајте колбасите

Вообичаено пред да ги испржиме колбасите ги сечеме на едно место или на повеќе места или само ги боцкаме со вилушка за да излезе маснотијата, но тоа не треба да го правиме. Се подразбира дека колбасите се масни и сочни, и тоа е она што ги прави уникатни. Нека се пржат како што се. Ако пукаат при печењето, знајте дека температурата на ринглата е превисока.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma