Даската за сечење е веројатно еден од кујнските елементи што најмногу ги користиме. Без разлика дали ја користиме за сечкање овошје или зеленчук. месо или зачини, нема ден да не ја извадиме од фиока, затоа е важно да знаеме како правилно да ја одржуваме.
Кога станува збор за пластична даска, доволно е да ја измиете со детергент и топла вода, додека дрвената даска бара поголема грижа. Во видеото подолу погледнете како правилно да одржувате дрвена даска:
Како што можете да видите, дрвената даска прво треба да се посипе со малку сол и сода бикарбона и да се намачка со половина лимон. Ова ќе помогне да се неутрализираат непријатните мириси и да се отстранат тврдоглавите дамки. Потоа оставете ја половина час и измијте под вода. Избришете ја со кујнска крпа и премачкајте со маслиново масло.
Повторувајте го овој процес еднаш месечно, за вашата даска да трае со години и секогаш да биде чиста.