Исхрана во периодот на вируси: Нутриционистка советува што да јадете и истакнува една важна работа што не е храна!

popara23 ноември, 20231min00
woman-couch-with-medication-830x0

Сезоната на вируси е во полн ек, се слуша кашлање, а марамчињата сега се еден од задолжителните предмети во сечиј џеб или чанти. Во овој преоден рок многу е важно да се одржи високо ниво на имунитет, бидејќи доколку падне имунитетот, лесно можеме да настинеме.

Како можеме да го постигнеме ова?

Се подразбира дека сo витамини и добра облека и обувки, а според нутриционистката Милка Раичевиќ, за добра заштита во овој период важни се и следните работи.

– Да, важно е да внесувате доволно витамини во организмот. Исхраната е многу важна, а најдобро е вашата чинија да биде украсена со различни бои. Значи, овошје и зеленчук во разни бои и се што е на пазарот, нема да погрешите. Препорачувам мед, месо (пред се говедско), јаткасти плодови, мешунки, кефир, темно чоколадо. Што се однесува до јајцата, најдобри се само жолчките, но и многу чаеви за имунитет – вели Милка Раичевиќ за Телеграф.рс.

Во продолжение посочува дека една од најважните работи е спиењето.

Ако некој има проблем со недостаток на витамин Д, тогаш, кога е сончев дел од денот, треба да направи кратка прошетка, како и да вклучи интегрални житарки во исхраната.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag