ПОДНЕСЕНА ТУЖБА ПРОТИВ ЏЕЈМИ ФОКС! Жена го обвини оскаровецот за недолично однесување!

popara25 ноември, 20231min00
Screenshot_6

Холивудскиот актер Џејми Фокс се соочува со тужба за сексуален напад поднесена во Врховниот суд на државата Њујорк.

 

 

 

Наводниот инцидент се случил во 2015 година во популарниот ресторан во Њујорк „Catch NYC“, наведува „Си-ен-ен“.

 

Личноста што го тужи актерот, идентификувана како Џејн До, во тужбата тврди дека Фокс „намерно и без согласност употребил сила и навредлив допир“, вклучително и допирање по градите и гениталиите. Во обвиненијата се наведува дека Џејми се појавил „во алкохолизирана состојба“ во моментот на инцидентот.

 

Како резултат на тоа, во жалбата се наведува дека жената претрпела и продолжува да трпи „физичка и емоционална повреда, вознемиреност, срам и економска штета“ и бара неодреден износ.

 

Наводната жртва поднела тужба против оскаровецот, тврдејќи дека Фокс ја однел до аголот на покривот и ја нападнал.

 

Како што наведува во документацијата до која имал пристап ТМЗ, нејзиното друштво седело во ресторанот, неколку маси подалеку од актерот, кога таа му пришла и го замолила за фотографија.

 

– Се разбира, душо, сè за тебе – рекол Фокс.

 

По фотографирањето, Фокс, како што тврди таа, и рекол дека има „тело на супермодел“ и дека мириса убаво, а потоа ја однел до аголот на покривот и почнал несоодветно да ја допира. Најпрво и ги ставил двете раце на половината, а потоа под нејзината блуза и почнал да ја допира по градите. Девојката додава дека на ова посведочиле неколку сведоци, меѓу кои и обезбедувањето, но тие потоа се оддалечиле.

 

Фокс потоа ги ставил рацете во нејзините панталони и „ги ставил прстите во нејзината вагина и анус“. Таа тврди дека наводниот напад престанал кога дошол еден од нејзините пријатели.

 

Таа, исто така, ја тужеше матичната компанија на ресторанот, „Catch Hospitality Group“, и разни поврзани бизниси за наводно несовесно вработување, обука и надзор.

 

Неговите претставници, односно Џејми Фокс, не се огласил по повод обвиненијата.

 

Фокс имаше здравствени проблеми претходно оваа година, откако беше хоспитализиран во Атланта.

 

Оскаровецот по закрепнувањето, првпат се појави во јули.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag