Името без мака ќе го погодите:Парис Хилтон доби ќерка 11 месеци откако го доби синот,а убавата вест ја сподели на прекрасен начин

popara24 ноември, 20237min00
Парис Хилтон

Откако во јануари познатата наследничка со помош на сурогат мајка го доби синот Феникс,сега стана мајка на девојче.

Парис Хилтон (42), ријалити ѕвезда, диџеј и наследничка на познатото американско семејство Хилтон, повторно стана мајка.

Вчера, на Денот на благодарноста, таа сподели на Инстаграм за што се заблагодарува, а се покажа дека тоа е нејзиното второ дете.

Парис објави фотографија од розова облека за бебиња на која е испишан зборот „Лондон“, па медиумите пренесуваат дека станува збор за девојче кое го добило името по главниот град на Велика Британија.

– Благодарна сум на моето девојче – напиша таа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)

Името на второто дете на Парис Хилтон

Лондон е второто дете на Париз со нејзиниот сопруг Картер Реум,со кој во јануари го доби синот Феникс со помош на сурогат мајка.Иако веста за раѓањето на нејзиното второ бебе е изненадување,изборот на име не е,бидејќи Парис Хилтон еднаш откри дека пред повеќе од десет години одлучила нејзината ќерка,доколку ја има,да се вика Лондон.

– Многу сум возбудена што еден ден Феникс ќе добие помлада сестра,која ќе се вика Лондон.Тоа е мојот омилен град и отсекогаш сакав ќерка ми да ја викаат така – изјавила наследничката.

– Всушност,тоа име го избрав многу одамна,веројатно пред повеќе од 10 години.Отсекогаш го сакав Лондон.Би сакала ќерка ми да го добие тоа име – истакна таа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)

Инаку, Парис Хилтон го добила името по Парис, па сакала да ги именува своите деца по градови за да стане нејзина семејна традиција. Како што истакна,не било лесно да се најде име за нејзиниот син,бидејќи многу имиња на градови не звучат соодветно како име за дете.

– Како Ибица,тоа би било чудно име за дете,или Вегас.Тешко е да се најде кул градско име за момче.Освен за Лондон,тоа би функционирало и за двајцата – заклучила таа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma