Како што жените бараат од своите посилни половини во љубовните врски да работат напорно за нив, да им обрнат внимание и да им купуваат подароци, така и ним им треба поттик за да бидат подобри кон нас. Значи, меѓусебно давање и примање.
Кои се фразите што мажите очекуваат да ги слушнат од нас? Има универзални и ги наведуваме подолу.
1. Ти благодарам
Да му кажете „благодарам“ на сопругот за сета помош што ви ја пружа вам, децата и домаќинството не изгледа како тешка задача. Се сеќавате ли кога последен пат сте се заблагодариле за нешто? Дури и ако вашиот сопруг не ги прави работите како што сте му кажале или како што сте замислиле, заблагодарете му, тој ќе знае да го цени тоа.
2. Те сакам
Оваа констатација најмногу се „расфрла“ во почетните моменти на среќа кога се гледаме низ розови очила и кога не можеме да ја тргнеме насмевката од нашите лица. Па зошто застанавте таму? Не дозволувајте тоа да стане навика. Можеби мислите „но тој знае дека го сакам“, не го земајте здраво за готово. Вратете ги овие најубави зборови во вашиот говор и разубавете ја вашата романтична врска.
3. Згоден си
Со текот на времето, нашите тела се менуваат, па не изгледаме толку занесно или затегнато како во нашите 20-ти или 30-ти, но запомнете зошто се избравте еден со друг. Јасно е дека барате збир на разни работи кои сочинуваат една личност, но првенствено ве привлекуваше изгледот. Иако можеби нема да го сметате вашиот маж за толку привлечен, зошто да не му дадете комплименти и да му кажете дека е убав. Запомнете, ниту вие не сте во најдобро издание секогаш.
4. Оди и забавувај се
Колку пати сте ја поминале вечерта еден без друг, односно тој со другарите, а вие со другарките? Признајте дека колку и да сте се забавувале, се прашувавте како му оди. Опуштете се. Пред секој да тргне на самостојното излегување, дали искрено си посакавте да се забавувате еден на друг? Ако не, направете го тоа следниот пат.
5. Се гордеам со тебе
Ова е веројатно најретката фраза која мажите ја слушаат од своите сопруги, а можеби и онаа која најмногу ја зголемува самодовербата и ја продлабочува љубовта. Секогаш кога ќе помислите дека направил нешто надвор од неговите граници и можности, пофалете го и изразете ја својата гордост кон него со зборови.