ЕВЕ КОИ УКРАСИ ТРЕБА ДА ГИ СТАВИТЕ НА ЕЛКАТА: Овие бои и форми носат среќа и успех

popara25 ноември, 20231min00
73528f330e7ced7a0a7d0400fafe8ddd941e8c62

Новогодишната елка освен што го украсува просторот и носи позитивна енергија, се поврзува и со убави емоции. Кога го украсувате дрвото со вашето семејство, се поврзувате, правите нешто заедно исполнето со радост.

За да привлечете среќа во новата година, фенг шуи укажува на тоа дека ви требаат светло тиркизни, сини и зелени топчиња. Можете да го украсите и со силни светла за да привлече внимание во домот и да ја направи атмосферата во куќата што е можно попразнична.

За да привлечете љубов, треба да закачите соодветни украси на елката. Овие можат да бидат снежно-бели гулаби, мандарински патки или нежни розови срца. Оние кои веќе ја пронашле својата среќа нека закачат неколку белешки на новогодишната елка со желби и пораки на љубов и благодарност еден кон друг.

За да привлечете пари во Новата година, фенг шуи ги истакнува боровите шишарки. Тие можат да бидат украсени со златен или сребрен сјај. За декорација се погодни и мали чоколадни медаљони во златна фолија.

Експертите за фенг шуи предлагаат да ја поставите елката во зависност од тоа што сакате и очекувате од следната година:

Исток (здравје и семејство) Југоисток (пари и изобилство) Југ (слава и углед) Север (кариера) Центар на домот (за работи на срцето) Запад (креативност) Североисток (за доверба) Северозапад (за поврзување и комуникација) Југозапад (за љубов) .

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag