Како влијае исхраната врз квалитетот на сон?

popara27 ноември, 20231min00
Screenshot_1

Сè повеќе истражувања покажуваат дека храната што ја јадете може да влијае врз квалитетот на сонот, а начинот на спиење може да влијае врз изборот на исхрана. Годинава не беше најдобра за спиење, со оглед на стресот и другите проблеми што ни ги донесе пандемијата. Експертите препорачуваат редовно вежбање, воспоставување ноќна рутина за спиење и помалку користење на електронските уреди за да се има подобар сон. Но многумина забораваат на исхраната како важен фактор кој има улога во квалитетот на спиењето.

 

 

 

 

Според истражувањата, исхраната богата со шеќер, заситени масти и преработени јаглехидрати го нарушува длабокиот и исцелителен сон. Од друга страна, овошјето со многу влакна и незаситени масти, јаткастите плодови, маслиновото масло, рибата и авокадото може да го подобрат сонот.

 

Многу од она што го знаеме за исхраната доаѓа од епидемиолошки истражувања, кои може да покажат врска помеѓу спиењето и низа фактори. Овие истражувања не може да објаснат дали лошата исхрана доведува до лош сон, туку само може да ја покажат врската помеѓу овие нив, доколку ја има.

 

Едно од сознанијата добиени со епидемиолошки истражувања е дека луѓето што страдаат од несоница несвесно одбираат нездрава храна со помалку протеини, помалку овошје и зеленчук и внесуваат повеќе шеќери преку намирници како слатки пијалаци, десерти и преработена храна. Било покажано и дека триптофанот, аминокиселина што се наоѓа во многу намирници, вклучувајќи ги и црешите, млечните производи и мисиркиното месо, помагаат во регулирањето на спиењето.

 

Меѓутоа, триптофанот е најефикасен кога се комбинира со храна што содржи јаглехидрати. Истражување на Мери Пјер Сент-Онж, вонреден професор по нутриционистичка медицина на Универзитетот „Колумбија“, покажало дека јаглехидратите имаат значајно влијание врз спиењето бидејќи му помагаат на триптофанот полесно да стигне до мозокот.

 

Сепак, Сент-Онж предупредува дека е важен и квалитетот на јаглехидратите, односно најдобро е да се консумираат сложени јаглехидрати што содржат влакна.

 

Повеќе истражувања откриле и дека медитеранската исхрана може да биде решение за добар сон. Според истражувањата, луѓето што консумираат ваква храна поретко страдаат од несоница и краток сон.

 

Конечно, кога станува збор за недостигот на сон, Сент-Онж открива дека кај мажите недостигот на сон го зголемува апетитот, додека жените ги принудува да престанат да јадат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag